Измама: Го земал аудито да го однесе на мајстор и не го вратил, ниту платил за него
СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.Ф.(21) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Во текот на април 2025 година, пријавениот довел во заблуда лице од с.Тумчевиште така што склучиле договор за купопродажба на патничко возило, му го земал возилото „ауди“, за да го однесе на мајстор за поправка и дека до 15.04.2025 година ќе отидат на нотар и ќе му ја плати договорената сума, но не се јавил, ниту го вратил возилото.
24.06.2025 - 13:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа