Излетници не го изгасиле убаво огнот за Први Мај - Изгореа куќа и штала во Македонија
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало седум пожари на отворено во последното деноноќие.
- Пожарникарите од територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Пробиштип, вчера од 13.55 до 18.00 часот со 2 возила и 4 пожарникари интервенирале на запалена напуштена куќа и штала во селото Марчино која се запалила од ооставен недогаснат оган од страна на излетници кои го имале запалено во дворот, информира ЦУК.
Заради ветер се разгорел и ја запалил околината, а потоа и шталата и куќата.
- Овој случај не опоменува и ни го повторува старото правило дека излетнички оган се гасне целосно пред да се замине и не се остава сам да догори, потсетуваат од ЦУК.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа