Истури дожд, се враќа и снегот - УХМР со викенд временска прогноза

 

Времето денеска ќе биде облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни и до крајот на денот ќе наврне над 30 л/м2. Кон крајот на денот на повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Претпладне ќе дува слаб до умерен југоисточен, а попладне и во текот на ноќта кон сабота засилен северен ветер (над 60км/ч), особено вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде од 6 до 12, а максималната од 10 до 16 степени.

Во Скопје oблачно и свежо со врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува слаб до умерен југоисточен, а попладне засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 14 степени.

Како што информира УХМР, во сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд. На повисоките планини во утринските часови ќе има услови за слаб снег. Дневните температури во следните денови ќе имаат тенденција на натамошен пораст.

16.05.2025 - 07:58

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега