Историска размена на заробеници меѓу Украина и Русија: Вратени повредени и млади војници по договорот од Истанбул

 


Украина денеска го потврди враќањето на првата група воени заробеници од Русија, меѓу кои има сериозно повредени и војници и лица помлади од 25 години.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека размената е извршена во согласност со договорот постигнат за време на директните преговори со Русија во Истанбул на почетокот на месецот.

Според договорот, двете страни се обврзаа да разменат најмалку 1.000 воени заробеници, со посебен акцент на сериозно повредените и млади војници. Исто така, беше договорено да се разменат останките на 6.000 загинати војници од двете страни.

И покрај овој хуманитарен напредок, преговорите за прекин на огнот се во застој.

09.06.2025 - 17:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега