Именувани нови директори на ЈЗУ Институт за белодробни заболувања и ТБЦ и на Клиниката за ревматологија

 
Д-р Суад Зејнел од Клиниката за Пулмологија ќе биде нов директор на Институтот за Белодробни заболувања и ТБЦ, а д-р Башким Османи ќе раководи со ЈЗУ Клиниката за Ревматологија. Д-р Зејнел и Д-р Османи доаѓаат на местата на д-р Арбен Љабеништа и д-р Филип Гучев кои досега раководеа со овие клиники, соопштуваат од Министерство за здравство.

Се очекува до крајот на неделата да бидат именувани нови директори и во Центарот за Јавно здравје, ЈЗУ Клиниката за Кардиологја, ЈЗУ Клиниката за токсикологија, ЈЗУ Клиниката за детски болести како Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.11.2020 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега