Илиевска: Ребалансот на Буџетот обезбедува повисоки плати, пензии и инвестиции за подобар живот
Дијана Илиевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во синоќешниот поткаст ,,ВМРО-ДПМНЕ зборува“. Илиевска истакна дека ребалансот на Буџетот, вклучува зголемени приходи и капитални инвестиции, а се обезбедуваат средства за повисоки плати, пензии, образованието и здравството. Таа посочи дека ова не се само ветувања, туку конкретни одлуки кои ќе ја подобрат инфраструктурата, животниот стандард и ќе поддржат најранливите категории на граѓани.
,,Oна што се затекна беше хаотично и страшно. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ кога ја презема одговорноста да ја води државата беше момент кога навистина економијата беше во една огромна криза, каде што граѓаните беа и те како разочарани од сите оние случувања во периодот и загрижени. Сите сме сведоци дека навистина се успеа, оваа Влада да се соочи со предизвиците што ги има. Да ги поправи на некој начин грешките од минатото. Не се почна од нула, туку се почна од длабок минус, но за среќа успеа оваа Влада Македонија да ја придвижи од една тешка стартна позиција, кон една стабилизација и реална обнова“, рече Илиевска.
Илиевска истакна дека буџетскиот дефицит е стабилен и државата продолжува да инвестира во проекти кои ќе остават трага.
,,Приходите се зголемени за 8,6% проценти исто така и расходите се повисоки за 5,1% додека буџетскиот дефицит е стабилен. Ова значи дека државата ќе го продолжи својот напредок. Капиталните инвестиции се прошируваат и се оди на тоа да се вложува во проекти кои ќе остават трага, кои ќе бидат видливи за разлика од претходната власт“, кажа Илиевска.
Илиевска посочи дека ова не се само ветувања туку буџетски одлуки кои ќе придонесат за подобар животен стандард на граѓаните.
,,За прв пат се носи ребаланс кога немаме ситуација кога немаме минус, туку кога имаме зголемени приходи. Со овој ребаланс на Буџет се обезбедени нови 800 милиони денари за плати. Две и пол милијарди денари за зголемување на пензиите како и повеќе од 300 милиони денари за капитални инвестиции. Се обезбедуваат 250 евра за секој студент. Се активира исто така проектот ,Купи куќа за млади. Се обезбедуваат средства за образованието за поддршка на спортот, за изградба на голем број на патишта, се со цел, да се направи Македонија подобро место за живеење и подобар живот да се обезбеди за граѓаните. Ова не се ветувања, туку се буџетски одлуки кои ќе придонесат за подобрување на животниот стандард на граѓаните во Република Македонија“, вели Илиевска.
Според неа, Министерството за здравство добива зголемување од 237 милиони денари за изградба, реконструкција и дигитализација на здравствените установи, што го прави здравството и образованието главни приоритети за секоја влада. Илиевска додаде дека Министерството за социјална политика и млади има зголемување од 460 милиони денари за подобрување на инфраструктурата за деца и ранливи категории.
,,Сите нудат услуги кои што се потребни на граѓаните и секој некаде нешто му треба. Јас би го издвоила Министерството за здравство каде што овој пат има зголемување од 237 милиони денари во однос на првичното буџетско планирање на средствата, а овие зголемувања се насочени токму на изградба, реконструкција, опремување на здравствените установи како и дигитализација на здравствените услуги. Според мене, е и треба да биде здравство еден од главните приоритети на секоја влада. Заедно со образованието, бидејќи како наставник кој бил директно вклучен во воспитно образовниот процес и те како ми е позната онаа сушна потреба од воведување на поквалитетно образование. Се со цел да се создадат глави кои би биле силни глави на нашата држава. Би го издвоила Министерството за социјална политика демографија и млади, каде што има зголемување од 460 милиони денари во однос на првичниот буџет и овие средства се наменети за изградба и опремување на детски градинки на социјални центри како и на домови за згрижување, што е особено важно бидејќи се дава една инфраструктурна поддршка за најмалите и за најранливите категории на граѓани“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа