Ангелов: Борбата со пожарот во ловиштето Јасен продолжува, успешно изгасната една линија, теренот останува критичен

 

Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на армијата и полицијата заедно со екипи на ЈП „Јасен“. Од воздух дејствуваат еден ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

-Една линија на пожарот која се протегаше исклучително стрмно над асфалтираниот пат кој низ ловиштето Јасен води од Скопје кон езерото Козјак, е успешно изгасната од страна на армиските Волци со што е спасена поголема површина зимзелена шума, вели Ангелов.

Потенцира дека борбата со огнот на моменти е ризична поради што сѐ уште не може да се воспостави контрола над овој шумски пожар кој се одвива на екстремно тежок терен.

Воедно, информира дека пожарот над село Свиларе е целосно изгаснат, додека пожарот на територијата на село Радуша сѐ уште е активен и се движи кон општина Јегуновце.

12.08.2025 - 20:38

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега