Акција на полицијата кај Тетово: Приведени пет жени од Украина, Србија и Албанија

 

Денеска во периодот од 00.20 до 02.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово, извршиле акциска контрола во угостителски објект со локација покрај патот Тетово-Гостивар. При контролата поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување во земјава спротивно на целта, биле приведени пет странски државјанки од Р.Украина, Р. Србија и Р.Албаниа, на возраст од 28 до 37 години.

Тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

 

03.05.2025 - 12:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега